Скандалозна грешка - Физиолошки раствор место БСЖ: 600 бебиња во Србија примија солена вода

Наместо БЦЖ вакцина, 600 бебиња на ГАК во Белград добија солен раствор, соопшти вчера новоименуваната министерка за здравство Даница Грујичиќ.

- 600 бебиња во периодот од септември до октомври во ГАК Народни фронт добија физиолошки раствор наместо БСЖ вакцина. Децата не се изложени на ризик - изјави Грујичиќ.

Вели дека децата не се загрозени, а вакцината ќе ја примат во наредниот период.

Таа посочи дека грешката ја направила медицинска сестра, како и дека директорот на ГАК „Народни фронт“ понудил оставка, но таа не била прифатена.

Министерката соопшти и дека се назначени тројца лекари кои ќе се погрижат правилно да се изврши вакцинацијата.


Фото: unsplash