Северина објави лекарски наод и ја нападна директорката на училиштето: Ми го киднапиравте синот

Пејачката објави дека државното обвинителство во Загреб ја гони за непримерно однесувањето кон Љиљана Клингер, директорката на загрепското училиште во кое учи нејзиниот син.

Северина детално опиша една случка која еднаш се случила во училиштето, а поради која тврди дека имала таков однос со директорката на училиштето.

Таа изјави и дека во сè е вмешан нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ, кого го обвини дека се здружил со директорката на училиштето. Таа истакна дека не го гледала детето поради нив.

Како што тврди Северина, нејзиниот син претрпел малтретирање на училиште од наставниците и директорката, а сега лекарските наоди ги објави на својот Инстаграм профил. Таа се осврна и на фактот дека судијата не сакал да ги погледне тие наоди.

Текстот што таа го објави под фотографијата на својот Инстаграм профил, а кој го нарече „Писмо од една мајка“, го пренесуваме во целост.

„Директорката на основното училиште „Матија Губец“, Љиљана Клингер, пријателка на Бандиќ, противник на Истанбулската конвенција, психички и физички го малтретираше моето дете во 2019 година. Таа им нареди на наставниците да го затворат во училиштето на два часа. По инцидентот, детето беше под стрес, не сакаше да излезе од дома, а викендов се пожали на болки во рацете и стомакот, па го однесов на лекар. По препорака на неколку лекари, не му беше дозволено да оди на училиште, бидејќи доживеал и физичка и психичка траума. За да го прикријат целиот случај директорката и ТАТКОТО, директорката испратила лажни пријави до Центарот за социјални работи „Максимир“.Социјалната служба „Максимир“ не реагирала. Клингер оди понатаму, па по инцидентот испрати бројни пријави против мене и до Општинскиот суд, пред кој беше донесена одлука со кој родител ќе живее детето. Судијката Теа Голуб, ме праша зошто не го носам моето дете на училиште?

Ѝ ги дадов наодите. Таа не сакаше ниту да ги погледне наодите, ниту пак сакаше да повика сведоци или лекари. Таа пресуди да ми го одземат детето, бидејќи јас „намерно“ не го однесов на училиште?!? Детето ми го одзедоа веднаш на 28 ноември на 20 месеци, како „привремена мерка“. Да бидеме појасни, не се работи за пресуда, туку за организирано киднапирање на дете. Поради тие госпоѓи и стручњаци, детето го гледав само 88 часа месечно. Двапати месечно можеше да спие дома. По киднапирањето, судијката среќна отиде на скијање со таткото, а таткото донираше за училиштето. И тие беа среќни.

Но, фотографиите покажуваат здравствени наоди од 2019 година. Се надеваме и се молиме за претседателот на Врховниот суд, господинот Доброниќ, кој се залага за промени во борбата против корупцијата, барем во судството. Тоа ми дава верба дека судијата може да одговара за своите (не)дела. Тоа е повеќегодишна злоупотреба и на детето и на мене во правдата Божја. Говорејќи за Бога, директорката без моја согласност го избрка од веронаука. Вчера дојдов на море со син ми, но „директорката од пеколот“ и нејзиниот адвокат Жељка Покупец на нашиот прв ден од одмор повторно објавија дека ме тужи ДОРХ. Ете знаете што сум ѝ пишала, а сега знаете и што претходело на тоа. Што би ѝ напишале вие? Требаше ли да им испратам кафе и бонбони на тие фини дами?“

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)