Сега е твојата шанса конечно да имаш мир каков што никогаш не си имал: Ник Картер не може да ги сопре солзите по смртта на брат му (ВИДЕО)

Ник Картер се прости од својот покоен брат со потресна порака и не можеше да ги сопре солзите на концертот кој го посветија на Арон.

Веста за смртта на пејачот Арон Картер го потресе светот.

Неколку часа по обелоденувањето на тажната вест јавно проговори Ник Картер, братот на починатиот 35-годишник.

Арон Картер почина во саботата на 35-годишна возраст. Пејачот е пронајден мртов во када, а причина за смртта е давење. Сега на интернет се појави видео кое го објави неговиот постар брат, Ник Картер, од групата Backstreet Boys.

Ник Картер напиша:

„Моето срце е скршено денес. Иако брат ми и јас имавме комплицирани односи, мојата љубов кон него никогаш не избледеа. Отсекогаш верував дека некако ќе се исправи и ќе ја најде помошта што му е толку потребна.

Понекогаш сакаме да обвиниме некого или нешто за нашата загуба. Но, вистината е дека зависноста и менталните болести се вистинските негативци овде“, додаде тој.

„Ќе ми недостасува брат ми повеќе отколку што некој може да замисли. Те сакам Чиз. Сега е твојата шанса конечно да имаш мир каков што никогаш не си имал на Земјата. Боже чувај го мојот помал брат, те молам.“


Во неделата Ник Картер се расплака среде концерт во Лондон, поради смртта на неговиот брат, а Бекстрит Бојс го тешеа на сцената.

Во клип објавен на TikTok, може да се види како остатокот од бендот го теши Ник на сцената, пред да отпеат песна во чест на Арон.

„Во саботата изгубивме член од семејството, нашиот помал брат и затоа сакавме да му посветиме дел од нашиот настап“, велат тие.


Тежок однос со семејството

Арон имал комплициран однос со членовите на неговото семејство, вклучувајќи го и Ник. Браќата беа заедно на турнеја долги години, а Арон често пееше како поддршка за Бекстрит Бојс. Но, кога Ник се ожени во 2014 година, Арон не присуствуваше на венчавката. Во септември 2019 година, Ник и неговата сестра Ангел дури поднесоа забрана за приближување против Арон.

Арон Картер е роден на 7 декември 1987 година во Тампа, Флорида, САД. Музичката кариера ја започнал како дете, а првиот албум го објавил на девет години. Оттогаш, тој сними уште три албуми: „Aaron's Party“ (2000), „Oh Aaron“ (2001) и „Another Earthquake“ (2002). Во подоцнежните години медиумите пишуваа повеќе за неговите познати активности и приватен живот. Во 2009 година, тој учествуваше во програмата „Танц со ѕвездите“. Во 2017 година го издаде својот последен мини-албум насловен „Љубов“.


Арон Картер беше момче на актерката и пејачка Хилари Даф. А подоцна кога раскина со тогашната девојка Медисон Паркер во 2017 година, по неколку дена  излезе како бисексуалец. Во 2020 година тој објави дека ќе стане татко.

Арон Картер последните години од животот имал проблеми со законот, во 2017 година бил уапсен поради возење под дејство на дрога. Имаше многу контроверзии за неговите проблеми со зависност.

Вереницата на Арон Картер плаче пред неговата куќа: Ѝ кршеше ребра, ја исфрли на улица со бебето, а таа е неутешна поради неговата смрт!