Се опивала и живеела од социјална помош, сега заработува милиони: „Еден ден нешто се прекрши во мене“

Жената откри како се збогатила

Пиење алкохол шест ноќи неделно и раскошни забави на бродот - се чинеше дека Нор Хиберт ја нашла работата од соништата. Меѓутоа, оваа Британка не била ни свесна дека сето ова препуштање на пороците е само начин да се потисне дека е длабоко несреќна.

Нор, поминала шест години работејќи како организатор и менаџер на клуб, но ноќниот живот си го земал својот данок - таа имала постојани срцеви палпитации, екстремна вознемиреност и несоница. И тогаш одлучила да сврти нов лист. Од жена која живее со 138 фунти неделно детски додаток, таа стана милионерка.

Оваа мајка, која живее во Ротерам, се присетила на еден мрачен период од нејзиниот живот, обележан со пороци и мноштво ментални заболувања. Таа денес е сосема друга личност – поседува три куќи и „тежи“ повеќе од два милиони фунти. Таа објави книга наречена „You Only Live Once“ во која откри како ја искористила „моќта на мислата“ за да започне успешен бизнис со масло за брада, а подоцна станала животен тренер или тренер за трансформација.

- Како што прават многу луѓе во раните дваесетти, јас експериментирав со дрога и алкохол, но тоа навистина ме уништи. Сето тоа беше начин да избегам од реалноста, бидејќи не бев среќна во мојот реален живот. Сето тоа имаше страшни последици по моето тело – вели оваа Британка.

- Имав палпитации на срцето, најстрашна вознемиреност, неконтролирани грчеви во нозете, се чувствував полошо од било кога. Немав контрола над мојот живот и сега сфаќам дека сето лошо што ми се случи е резултат на она што го мислев и затоа што верував дека животот заговара против мене - вели Нор.



Оваа жена вели дека преку ноќ решила да си го сврти животот и да ја погледне својата ситуација од сосема поинаков агол. Ова не само што ѝ донело мир, туку и ја охрабрило да се впушти во бизнисот со продажба на масло за негување на брада, што ќе се покаже како многу профитабилно.

- Бев жртва на сопствениот живот и искуства, но сега сфаќам дека имам контрола врз создавањето на мојот живот, што се случува со мене и мојата иднина. Заработив повеќе од два милиони фунти, што е многу чудно да се каже гласно – изјави таа.

Тешкотиите на Нор започнале кога таа била уште мало девојче и претрпела малтретирање на училиште. Се чувствувала како натрапник, а ситуацијата се влошила кога нејзиното момче ја оставило на 16 години. Почнала да излегува со маж пет години постар од неа. За време на нивната врска тој станал се посесивен и во еден момент ја полил со кригла пиво бидејќи тврдел дека „флертува“ со друг маж.

На Универзитетот во Кардиф, таа се борела да дипломира психологија, наоѓајќи излез преку пиење и употреба на дрога пред да одлучи да се извлече од сето тоа и да се вработи како менаџер на клуб.


- Дваесетите ги поминав опивајќи се со шотови алкохол и ’давејќи’ се во кокаин, обидувајќи се да се пронајдам... Бев обесхрабрена и немав поим што сакам од животот. Една ноќ се чувствував вознемирена по расправија со некого, па решив да земам апчиња за спиење. Но, испив многу алкохол - вели Нор, додавајќи дека се чувствувала безнадежно, без никаква цел во животот. Ова продолжило и додека таа работела во клубот - претерувањата во алкохол кулминирале.

Во 2010 година, Нор го запознала нејзиниот иден сопруг Ричард, кој бил еден од нејзините гости. Таа останала во блажена состојба и на крајот се вратила во ОК. Откако ја родила првата ќерка, била принудена да работи 40 часа неделно и сето тоа да го балансира со постдипломски студии и новороденче дома. Живееле во сиромаштија, практично од детскиот додаток од 138 фунти што го добивале секоја недела.

Во 2012 година, кога била бремена во 31 недела со второто од четирите деца, Нор добила загрижувачка медицинска прогноза. Поради стресниот начин на живот, морала да ја роди порано.

„Седев во болничкиот кревет и му реков на моето бебе: „Те молам, остани внатре, а јас ќе го успорам темпото и ќе ја напуштам работата и ќе најдам начин да бидам дома со тебе, бидејќи вака повеќе не оди“.

И навистина, ситуацијата се подобрила и немало потреба од предвремено породување. Ја напуштила болницата и дала отказ на работа следниот ден.

- Нешто во мене само се помести, како да ми беше исклучен мал прекинувач во мозокот, а тоа беше почеток на мојата трансформација - рече таа.

Нор развила низа производи од масло за негување на брада кои беа објавени во престижните списанија „GQ“ и „Tatler“ и заработи нешто повеќе од 100.000 фунти од продажба во првата година.

Бизнисот продолжи да цвета и Нор сега има повеќе од два милиони фунти на нејзината банкарска сметка, таа исто така се занимава и со лајф коучинг и со задоволство зборува за нејзината трансформација и како го свртела својот живот.


Извор: најжена.рс