Се огласи ќерката на истепаната жена од медицински сестри во Дом за стари лица: Настанот го вознемири регионот

Откако вчера на социјалните мрежи се прошири вознемирувачка снимка од дом за стари лица во градот Пеќ, во Косово, на која се гледа како млада медицинска сестра, малтретира и тепа стара жена, сместена на домот, Косовската полиција уапси четири лица осомничени за физичко насилство врз постара жена и им е одреден 48 часа притвор.

Ќерката на повозрасната жена која била физички малтретирана во дом за стари лица во Пеќ, во емотивна изјава изјавила дека била шокирана од насилството што го доживеала нејзината мајка.

Жанета Нура сподели детали од нејзиното искуство со вработените во домот за медиумите, велејќи дека таа ја посетувала еднаш или двапати неделно. Таа посочила дека пред четири дена при посета на домот за стари лица забележала траги на насилство на лицето на нејзината мајка, но дека не можела да поверува дека тоа доаѓа од работниците во Домот.

- Ја посетував еднаш или двапати неделно, а пред четири-пет дена видов траги на насилство на нејзиното лице, но не можев да верувам дека во таков дом може да дојде од работник. Автоматски ја повлеков мајка ми надвор од таму, а сега се надевам дека правдата ќе биде задоволена и случајот ќе се реши. Тоа и се случи на мајка ми, но да не дозволиме да им се случи на другите - рече таа.

- Да се ​​употреби сила врз седумдесетгодишна жена... Три сестри, едната ја држеше за раце, а другите и се смееја - тоа е крај на светот. Многу сум потресена - продолжува Нура, и дополнува дека ќе стори се што е во нејзина моќ за да се задоволи правдата.

За косовските медиуми се огласил дури и таткото на медицинската сестра која физички нападна постара жена во Пеќ, Наим Пељај кој јавно се извини за постапката на неговата ќерка. Тој јавно му се извини и на семејството на Нура од Ѓаковица, велејќи дека објавените видеа длабоко го погодиле него, но и неговото семејство.

продолжува ОВДЕ на Фактор.мк