,

Сара Фешн –Нова колекција на долна облека “Freedom”

Македонскиот бренд Сара Фешн (СФ) овие денови ја претстави својата нова колекција на долна облека “Freedom”, создадена за жени и девојки кои целосно уживаат во својата слобода. Новата колекција е составена од голем број модели кои се изработени од внимателно одбрани материјали во неодоливи бои. Оваа колекција на долна облека е составена од модни парчиња кои задолжително треба да ги имате во вашиот гардеробер.


-  “Почувствувај ја слободата“ – нашиот слоган за оваа кампања е всушност краток вовед во нашата нова колекција. Оваа кампања ја предводат нови модели на долна облека во кои ќе се чувствувате префинето, женствено и слободно. Ќе го почувствувате својот слободен дух, безгрижно уживајќи во модните парчиња кои ги носите на себе. Колекцијата на долна облека е изработена според светските трендови и актуелните бои за оваа сезона, со цел нашите потрошувачи да уживаат целосно во нивниот избор и да го одберат најдоброто за себе. Нежните детали на тантела ќе изгледаат прекрасно на вашата кожа, а слободата, задоволството и уживањето во оваа колекција ќе стане ваша рутина.
Одберете од нежно розевите сетови со кои ќе ја надополните вашата нежност, од бордо нијансите за впечатливост, црните тонови за префинетост или пак вашиот избор нека бидат белите сетови кои совршено прилегаат на исончан тен! – изјавија од тимот на Сара Фешн.

Креатор на оваа колекција е модната дизајнерка Ивана Кнез, а бисерите коишто се дел од нејзината колекција на модни аксесоари совршено ја надополнуваа женственоста, смелоста и слободата која се провлекува низ модните парчиња во новата колекција. Кампањата е во соработка со нивните соработници, Сим Салтирова и Октај Сејди кои се погрижија за прекрасниот изгледот на моделот, а фотосесијата е во соработка со General Production под раководство на Дарио Јанковиќ. 

Моделот од модната агенција МоделсИн, Ангела, е главното лице на оваа кампања.


Кампањата е реализирана во градините на Хорти Дизајн, во коишто целиот тим кој работеше на оваа кампања, целосно уживаше.

Освен новата кампања, во тек е акцијата "Намалувањенакостимитезакапење"со промотивен попуст до -40% и одлична понуда со супер дезени на костими за капење, затоа погледнете ги новата колекција и акциите на нивните профили на социјалните
медиуми фејсбук и инстаграм


Сара Фешн е најпознатиот бренд од македонската компанија Де-Та која покрај СФ, ја познаваме по брендовите Sara Fashion PREMIUM и Red Star, а покрај домашните брендови, таа е ексклузивен застапник и на светските брендови NBB, Penti, DAGI, Pompea и многу други.



ПР објава