Сами создале рајско катче во Волково, сега го делат со сите

Најубаво е кога нештата ќе се случуваат спонтано. Една таква прекрасна идеја никнала во срцето на Волково, каде едни поминати топли детски денови, се претворени во вистинско рајско место за уживање.


-Знаете, ние сме од тие генерации кои биле доста поврзани со нашите баби и дедовци, и всушност ова е местото каде што живееле баба ми и дедо ми. Волково е познато по вечерното ветерче, мирот и прекрасната природа која што дополнително не влечеше и туркаше во процесот од каде што почнавме со една идеја (да биде тоа само за нас и нашата фамилија) до “па зошто не би започнале со нешто каде што би го споделиле просторот и со други добродојдени луѓе.Почнавме да копаме буквално самите со лопати, децата облечени во скафандери (јануари 2023 год) и така камче по камче, количка по количка испадна “Platz Lazarus.” Името е по мојот дедо Лазар – ни откриваат за почеток сопствениците на “Platz Lazarus“ .

На оваа локација вашите настани, прослави и тим билдинг активности добиваат нова димензија. Со капацитет за паркирање на 15 возила, просторот ветува лесен пристап и беспрекорна удобност за секој гостин.


Идеален за групи до 50 лица, овој простор нуди оптимален комфорт и интимност. Пливајте и релаксирајте се во елегантен базен, дизајниран за 6 лица, и уживајте во сончевите летни денови со стил. Летната кујна е опремена со шанк, мијалник, фрижидер и тоалет, што овозможува лесно и пријатно подготвување и сервирање на храна и пијалаци.


-  Декоративните идеи беа лично мои, со секое купено цвеќенце кое што сакам да го разеленува просторот, додека околчувањето на базенот беше идеја на сопругот и секако тој ја превзема во своја контрола целовкупната физичка работа. Генерално се смисливме сами со помош на свекорот кој несебично ни помогна со целосната организација и работа (сакам јавно да го уважам неговиот труд)- ни откриваат детали сопствениците.



За оние кои бараат релаксација, летниковците, детски реквизити и реквизитите за тим билдинг како пикадо и стрелање нудат забава и опуштање. Просторт е опремен со 10 обични и 3 плетени столчиња, 4 лежалки, една голема маса, озвучување и една прекрасна лулашка. Просторот се издава сезонски и од април до крај на октомври, а доколку времето е топло може да се изнајми и во ноември.



Просторот дозволува влез на домашни миленици.

„A place to fix your maze” е нашето мото кое што во позадина ни значи- без разлика како се чувствувате во денот а нашите чувства знаат да варираат во денешно време многу често, ова е местото каде што сите животни лавиринти ќе ви се поврзат и мозокот ќе ви испрати сигнали за малку релаксација во денот - велат за крај сопствениците на “Platz Lazarus“, а повеќе детали ѕирнете тука. 


И.С.