Сѐ се случува во вистинско време: Еве зошто не треба да се грижите ако не оди сѐ како што замисливте

Нема причина за стрес...

Кинескиот израз ву-веи е дел од филозофијата на Тао, што значи дека најдобрата опција за човекот е да не прави ништо под притисок. Овој концепт потекнува од идејата дека сите растенија растат на овој принцип. Тие растат без напор. Тие цветаат затоа што тоа е природен тек на настаните.

Со други зборови, треба да се менуваат само оние работи што го дозволуваат тоа. Кога сме „заглавени“ некаде и не е можно да се сменат околностите, тогаш не треба да се обидуваме со сила. Сите работи се случуваат со причина, тоа во тој момент не ни е јасно. Меѓутоа, со текот на времето сфаќаме дека тоа било најдоброто и дека овие околности ни спасија некоја болка или не‘ насочија на подобар пат. Она што е предодредено да се случи ќе се случи без разлика колку напорно се трудиме да го избегнеме. На некои околности не вреди да се спротивставиме.

Мудроста што ја стекнувате од искуството треба да ве доведе до состојба позната во кинеската филозофија како „проток“. Оној кој живее според овие принципи има убав живот.

„Поток“ е состојба на умот во која мислите на човекот се целосно насочени кон она што моментално го работи. Оваа теорија првпат беше формулирана од Михаи во 1975 година, а беше усвоена од многу светски лидери.

Оваа теорија не‘ учи да живееме во сегашниот момент и да не се спротивставуваме на многу работи на кои не можеме да влијаеме. Падовите и препреките на патот се составен дел од животот и подобро е да ги прифатите отколку да им се спротивставите и непотребно да губите енергија.

Според креаторот компоненти на „проток“ се:

Концентрација - високо ниво на концентрација на работите што ги правиме

Поставување цели - Целите што ги поставувате треба да бидат реални - оние што можете да ги постигнете со вештините што моментално ги поседувате.

Успех - но падовите се неизбежни. Треба постојано да ги слушате околностите и да се водите од нив. Не трошете премногу енергија на работи што не ви одат по волја.

Рамнотежа – Неопходно е да се најде рамнотежа помеѓу можностите и задачите. Не смееме да си поставуваме премногу тешки задачи, во спротивно ќе се откажеме брзо, а не премногу лесно за да не престанеме да се трудиме.

Мора да уживаме во се што правиме - Мора да уживаме во секоја работа, само така нема да го почувствуваме трудот. 


Честопати се соочуваме со некои ситуации во животот кои не можеме да ги промениме. Она на што можеме да влијаеме е односот кон новите ситуации.

Поентата е дека во проблемите гледаме можност за стекнување на нови знаења и за наш личен раст. Има причина за се што се случува. Од секоја ситуација учиме нова лекција.

Ако не сте во можност да промените некои работи, опуштете се и оставете сè да си оди по својот пат...


Фото: unsplash

Извор: србијаданас