Роденденска прослава во домот на Дадо Полумента: Ќерките во розово, сопругата преубава (ФОТО)

Фолкерот Дадо Полумента деновиве имаше повод за славење, имено неговата поголема ќерка Алеа наполни 6 години.


На фотографиите го гледаме среќното семејство, со насмевки на лицата, додека деталите од забавата ги воодушевија сите.

„Сакај, сакај го тоа што го имаш, сакај го оној што е таму, што те сака; сакај го додека кожата не почне да го чеша од твоите бакнежи, па пак бакнувај, за да помине, никогаш да не помине тоа чувство дека тој е таму само за да биде сакан, само за да те научи да сакаш. И пушти ги сите оние за кои сонуваш, за кои копнееш; пушти ги, затоа што ако требало да бидат таму, ќе беа блиску до тебе, ќе беа во твоите раце. Сакајте и не чекајте ништо. И онака ништо не доаѓа, сè создаваш сам, ако си дозволиш да сакаш без прашања и услови...“ Бранкица Дамјановиќ

ВИ БЛАГОДАРИМЕ на сите што ни го направивте овој ден прекрасен“ - напишаа тие под преубавите роденденски фотографии.


Пејачот со сопругата Ивона Полумента има уште една ќерка, едногодишната Алиа. Она што е интересно е што имињата на нивните наследнички се разликуваат само за една буква.

Дадо Полумента го има синот Доријан од вонбрачната заедница со Ана Марија Кикош.


*Преубавата поранешна сопруга на Дадо Полумента ги разбива предрасудите за исламот: Откри зошто носи хиџаб и дали муслиманките се потчинети