Родена сум како совршена жена, моето тело и лице се сосема природни, а луѓето ме презираат поради тоа: Преубава сум за овој свет - за другите тоа е закана

Вероника Рајек е најпопуларната инфлуенсерка од Словачка, а нејзиниот профил е полн со провокативни, секси фотографии - и самата вели дека е премногу атрактивна и убава за социјалните мрежи и дека многу луѓе ја саботираат поради тоа.

26-годишната девојка тврди дека е родена „природно совршена“ и дека тоа ги вознемирува и прави многу корисници на Инстаграм љубоморни.


„Поради некоја причина моето тело се смета за опасност на социјалните мрежи и троловите постојано ме пријавуваат, иако не правам апсолутно ништо освен што споделувам фотографии од моето тело“, вели Вероника, која се занимава со манекенство од својата 14-та година.


„Деновиве гледате многу жени со прекумерна тежина, па дури и дебели кои зборуваат за позитивна слика за телото, но кога убава, висока жена сака да биде среќна во сопствената кожа, сите ме напаѓаат и ми велат дека сум привилегирана“, додаде таа..

Атрактивната русокоса која живее на релации Австрија-САД има над два милиони следбеници, но очигледно ниту таа армија обожаватели не е доволна за да ги победи хејтерите Вероника.


„Тие се само љубоморни што моето природно тело е вакво. Некои луѓе дури и го пријавуваат мојот Инстаграм профил затоа што се навредени од мојата извајана фигура и поради тоа губам пари и работа. Не споделувам ништо што е контроверзно или вулгарно. Сакам само да се покажам себеси и моето тело. Не разбирам зошто моето искуство со телесна позитивност е погрешно. Јас сум модел, зарем манекенките не треба да бидат секси“, продолжи да се жали оваа инфлуенсерка.


„Ако сте премногу убави, вашето тело се смета за закана за општеството. Во реалноста, дојдов од сиромашна земја и морав многу напорно да работам за да бидам таму каде што сум денес. Мислам дека луѓето сакаат некако да ми се одмаздат затоа што сум успешна, затоа ме навредуваат, но не вреди, се‘ на мене е сосема природно“, заклучи Рајек.


Фото: Инстаграм