Ријана ја промени бојата на коса, се соблече во градник и грми: Објави фотки од кои на многумина не им е добро

Ријана е музичка ѕвезда, но и успешна бизнисменка која покрај трендот за убавина го поседува и модниот бренд Savage x Fenty, вреден милијарда долари. Таа неодамна претстави нова колекција за Денот на вљубените. Моделите се во знак на мегапопуларниот стил на Барби, кој е инициран од филмот „Барби“ на Грета Гервиг. 

Можеби на режисерката не и се допаѓа што нејзината креација повеќе ја инспирира модата отколку што освојува филмски награди (засега), но модниот манир во знакот на иконската кукла создаде вистински бум, исто како и познатата пејачка од Барбадос.

Ријана има нова боја на коса во новата модна кампања - музичката ѕвезда е мајстор за трансформација и некој кој најчесто го менува имиџот на јавната сцена. Промените се нејзиното второ име, а нејзината раскошна фризура одлично и прилега.

Популарната Рири реши да ја истакне својата агресивност и сензуалност. Таа позираше во розова долна облека, која чини 25 долари, градникот што го носи чини 50 долари, а розовите чорапи и оглавици чинат 25 односно 45 долари.



Фотографиите беа објавени на профилот на нејзиниот бренд на Инстаграм, и беа малку изненадувачки, иако кога станува збор за Ријана, изненадувањата речиси и да не постојат.

View this post on Instagram

A post shared by SAVAGE X FENTY BY RIHANNA (@savagexfenty)



Пејачката направи мала пауза во кариерата поради мајчинството, со раперот АСАП Роки има два сина, едногодишниот РЗА и Риот кој се роди пред пет месеци. Таа неодамна откри дека би сакала да има трето дете. Во меѓувреме, таа се посвети на своите професионални цели. И така е со Ријана - колку и да е отсутна од јавната сцена, кога ќе се појави - во кое било издание таа засенува сѐ.

View this post on Instagram

A post shared by SAVAGE X FENTY BY RIHANNA (@savagexfenty)



Ова е само дел од сликите, на другите фотографии Ријана позира сосема експлицитно.


ФОТО: Инстаграм