Променет режим на сообраќај на 1ви октомври 2023

На 1ви октомври 2023 (недела), ќе се одржи Виз Ер Скопскиот маратон и во периодот од 04:00 часот до 15:00 часот, низ скопските улици ќе има привремен режим на сообраќај. Организаторите на Виз Ер Скопски маратон упатуваат апел до сите граѓани да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ги користат алтернативните решенија за сообраќај.

Затворени за сообраќај ќе бидат следните улици: ул. Димитрие Чуповски, дел од булеварот Климент Охридски, улицата Свети Кирил и Методиј, улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, улицата Васил Чакаларов, улицата 11ти Октомври, дел од булеварот Крушевска Република, улицата Есенинова, Трета Македонска Бригада, булевар Србија (десната коловозна лента од семафорите со раскрсницата булевар Јане Сандански до семафорите кај Крстот), дел од булеварот Јане Сандански (едната коловозна лента од семафорите кај Мајчин Дом до семафорите со булевар Србија).

На најголемата спортска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон 2023, во склоп на 19то издание, повеќе од 11.000 учесници се очекуваат да истрчаат низ скопските улици и да го исполнат главниот град со позитивна енергија.

Организаторите апелираат до сите тркачи добро да се информираат од која страна да пристапат во недела на стартната линија, затоа што ќе има разминувачки старт.  

За сите тркачи на 5 км, од Виз Ер Скопски маратон информираат дека трасата на трката е следна: Стартот на трката е на улица 11 Октомври во правец кон Кисела вода. Се трча до крајот на улица 11 Октомври и се продолжува право по бул Борис Трајковски се до раскрсницата со Есенинова  каде се врти лево по Есенинова и се трча до спојот со 3та Македонска бригада каде се врти десно и долж булевар 3та Македонска бригада се трча до семафорот кај Раде Кончар каде се врти полукружно во правец кон центар и се трча до крај на Трета Македонска бригада односно раскрсницата со улица Пролет каде се врти лево се до раскрсницата со 11 Октомври каде се врти десно и се трча до плоштад Македонија.

Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“, Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија, Агенцијата за млади и спорт.

Организаторите уште еднаш ги повикуваат сите, да дојдат на патеката утре и да ги бодрат и поддржат натпреварувачите. Бројните транспаренти, кои со сигурност ќе измамат насмевки на лицата на тркачите и јавноста, како и секоја година ќе бидат лоцирани, а кои ќе бидат прогласени како најдобри, ќе се објави на денот на настанот, по завршување на трките.

Повеќе информации за 19. Виз Ер Скопскиот маратон можат да се најдат на официјалната веб страница: http://skopskimaraton.com.mk/


*пр објава