Пред огледало со Марија Ракуљ: Важно е жените да дадат приоритет на своето здравје пред витката линија

Србинката со специфична убавина - Марија Ракуљ со манекенство се занимава од 2014-та година. Работи во Европа, а долго време поминала и во Азија. Моментално живее и работи во Дубаи, од каде пред огледалото на Женски Магазин ги откри своите ритуали за убавина.

* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал? 

- Секојдневно се трудам да ја почитувам мојата рутина, да останам хидрирана, да спијам доволно и никогаш да не заборавам „spf“.

* Со какви препарати го негувате лицето?

- Препаратите кои највнимателно ги избирам се серумите. Посебно внимание посветувам на списокот на состојки и на молекуларната структура, односно дали серумот има моќ да навлезе во подлабоките слоеви на кожата или само ќе остане на површината. Мислам дека девојките прават најголемата грешка при изборот на вистинскиот серум со хијалуронска киселина што им одговара, па затоа не гледаат значајни резултати.

* Посетувате ли козметички салони? 

- Да! Верувам дека редовното длабинско чистење и нега на кожата е многу важно. 

* Кои производи ги употребувате за нега на коса? 

- Во однос на негата на косата, првенствено се трудам да не ја оштетам косата, па приватно избегнувам пегла за коса, фигаро и слично. Го препорачувам и секое масло за коса базирано на амла.

 * Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка? 

- Кога бев помлада, би рекла дека повеќе се трудев некои несовршености на кожата да ги покријам со шминка. Во последно време не се ни шминкам толку, научив да ја сакам својата кожа со сите нејзини маани, но и доблести. Најмногу ми се допаѓа лесната текстура и природниот сјај, па често мешам малку пудра со „spf“ за да го изедначам тенот и сепак да задржам некој секојдневен изглед на кожата.

* Кои се Вашите омилени козметички производи? 

- Серуми на „Diego dalla Palma“. Еден од моите лични омилени е дефинитивно „Icon time gold elixir“.

 * Што носите секогаш во Вашиот несесер?

- Секогаш со мене имам лабело и крема за раце.

* Омилен парфем? 

- Со години носев „Dior addict“, а моментално омилен парфем ми е „BDK Gris Charnel“.

 * Како ја одржувате линијата? 

- Се трудам да имам рамнотежа. Обожавам да јадам и навистина не се лишувам од никаков вид храна. Се трудам да јадам сѐ во нормални количини, како и редовно да тренирам. Исто така, не сум многу љубител на слатки и колачи, па претпоставувам дека тоа ми го олеснува држењето на линијата. Не препорачувам никакви диети, важно е жените да дадат приоритет на своето здравје пред витката линија. Бидете трпеливи со вашето тело и тренирајте.

* Како би се опишале себе си? Што е она што Ве движи напред? 

- Сосема неблагодарно прашање ако зборувам за себе, но би рекла дека сум многу поповлечена отколку што инаку претпоставуваат луѓето. Уживам во својот мир, ги сакам креативните процеси и се трудам да бидам отворена и разноврсна. Нешто што ме одржува во животот се дефинитивно луѓето кои ме опкружуваат и нивната поддршка, како и инспирацијата што ја добивам од нив.

 * Дали надворешната убавина е пресудна за оставење на прв впечаток? 

- Надворешната убавина за жал е важна кога зборуваме за првиот впечаток, но никако не треба да биде пресудна. Најпрво се сеќавам како сум се чувствувала во нечие присуство, а не како изгледал тој човек, но мислам и дека треба да бидеме репрезентативни. Кога се грижиме за себе и се сакаме, тоа се покажува. Голем впечаток ми оставаат и манирите и начинот на движење.

 * На која дама ѝ се восхитувате и зошто? 

- Се восхитувам на мојата постара сестра Ана. Успева да ме мотивира од ден на ден, а во нашата врска најмногу ја ценам индивидуалноста. Ние сме сосема различни и токму тоа ги отвора моите погледи за светот.

 * Каква треба да е современата жена? 

- Современата жена се сака себеси во деновите кога општеството ѝ кажува дека не е доволно добра.


*Д. Караташова Илиоска  

Фото: Instagram- @6marija