Повици за онлајн настава по дојавите за бомби: Едно дете да врисне при евакуацијата, може да нè снајде трагедија како во Сеул

По вчерашните дојави за бомби во неколку скопски средни училишта, а за кои повторно се утврди дека се лажни, не стивнуваат реакциите на родителите, но и на самите професори за тоа колку ваквите настани може да предизвикаат вистинска трагедија. Велат кој и да се шегува, си игра со оган. Дел од нив веќе апелираат наставата да почне да се одвива онлајн додека не се смири ситуацијата.

-Не може секоја недела да стрепиме дали ќе има дојави за бомби. Минатата недела три дена по ред ги евакуираа училиштата. Стотици деца по скали треба да се симнат мирно. Дали некој е свесен што може да се случи во даден момент. Доволно е едно дете да врисне, да се сопне, да се вознемири, да се расплаче...Стампедо може да искрсне за неколку секунди, а видовме само пред неколку дена каква трагедија се случи во Сеул. Или нека ги најдат конечно оние што ги испраќаат мејловите за поставени бомби или нека донесат одлука наставата да почне да се одвива онлајн. Знаеме каков квалитет носи таквиот начин на настава, но во моментов безбедноста треба да е на прво место. Свесни сме дека станува збор за лажни дојави на бомби, но тоа не ја прави ситуацијата помалку опасна. Навистина некој си игра со оган, вознемирено вели Славица Р., мајка на средношколец во гимназијата Јосип Броз Тито.

Истовремено професорите посочуваат дека воопшто не е едноставно на сред час да им се соопшти на учениците дека треба да ги напуштат мирно просториите. Колку и да се внимава, состојбата за момент може да излезе од контрола.

продолжува ОВДЕ на Фактор.мк