После 23 години брак, дознале дека се братучеди и останале заедно: Познатиот актерски пар не дозволи ова сознание да им ја попречи среќата

фото:PROFIMEDIA

Актерот и шармантната актерка неодамна ја прославија 34-годишнината од бракот, а нивната среќа не ја попречи сознанието дека имаат заеднички предци.

Малку се во светот на најуспешните љубови кои се вистински и долговечни, а само неколку можат да се пофалат со брак кој трае со децении. Меѓу нив е и актерот Кевин Бејкон, кој ја најде вистинската љубов уште во осумдесетите.

Се вљубил во актерката Кира Сеџвик, со која се оженил во 1988 година, а овој септември парот ја прослави 34-годишнината. 

Како што истакна актерот во една прилика, Кира и нивното семејство се неговиот главен извор на сила во тешките моменти.

-Времето кога бев на самото дно е времето кога ја запознав сопругата, кога се родија нашите деца, добри работи се случија. И можев да издржам се', тие ми дадоа сила – изјави Бејкон во едно интервју.

Една година по венчавката Кира и Кевин го добија синот Тревис, а во 1992 година се роди ќерката Соси Рут, која сега и самата е актерка.

Иако не му беше лесно на самиот почеток на љубовта, поддршката на Кира на актерот му даде сосема нова енергија и перспектива, а набрзо и тој почна да работи.

-Таа е љубовта на мојот живот, веднаш го знаев тоа - призна Кевин.

Сепак, колку и да чувствувале дека ги поврзува судбината, тешко дека можеле да го очекуваат она што го дознале во 2011 година - дека тие се поврзани од порано.

Имено, парот тогаш учествуваше во шоуто „Во потрага по корени“, кога анализите покажаа дека Кевин и Кира се роднини, од деветто колено. Кира тогаш тврдеше дека тоа не е големо изненадување за неа како што некој би помислил.

- Гледаш. Знаев! Знаев! Знаев! Знаев! Знаев! - повторуваше таа. 

- Знаев дека ќе бидам поврзана со Кевин Бејкон, мислам, повеќето белци се некако поврзани. Не сум изненадена, искрено. Претпоставив дека тоа е причината поради која двајцата не тестираат, морав да се преправам дека сум изненадена.

Ова сознание не влијаело на нивниот брак и парот останал заедно бидејќи, како што рече Кира, „се е во ред додека не сме најблиски роднини“.

Во истата емисија Кевин Бејкон дознал и дека е потомок на кралот Едвард I, дека Бред Пит е негов далечен братучед, како и Барак Обама.

Тие продолжија да ја живеат својата брачна идила, а Кира често истакнува дека не треба да ги прашувате познатите личности за тајната на нивната љубов. Таа има само два совети.

- Имајте чести кавги и немајте односи со други - моногамијата е јасна работа, како и „спушти го капакот од ве-це школката“.

извор:GLOSSY