Почит кон традицијата: Панчеви ги пречекаа коледарчињата

Уште од самото утро на Бадник се слуша гласот на децата коледарчиња на кои им се делат колачиња, бонбони, јаболки, ореви... домот традиционално се украсува со дабово гранче како најиздржливо и највековито, кое ги симболизира здравјето и долговечноста, го слави животот и вечната среќа. Според преданијата, витлеемските пастири донеле токму дабови дрвја до пештерата каде се родил Богомладенецот и со нив запалиле оган во слава на Христовото раѓање.

Низ целата наша земја дечиња коледарчиња одат по домовите и пеат коледарски песнички, па така група на дечиња стигнаа и во домот на маја и Дарко Панчеви. Маја ги пречека со широка насмевка и традиционални подароци, а фотографијата зборува милион зборови.

Прекрасно е чувството кога ќе дојдат коледари. За многу години - напиша Маја.