Побрзајте домаќинки: Пиперката ќе поскапува, годинава ајварот солен

Ако се земе в предвид цената на пиперката ајварка оваа сезона, и фактот дека 4 до 5 килограми се потребни за подготовка на тегла ајвар, тогаш една тегла ајвар домаќинките ќе ги чини повеќе oд 120 денари.

Сепак, граѓаните обично чекаат при крајот на септември, или на почеток на октомври да купат пиперки за ајвар, со надеж дека цената ќе биде пониска, но оваа година можно е да се случи спротивното.

„Оваа година нема да правам ајвар, затоа што освен што цената на ајварката е висока, потребно е да се изгуби цел ден, за подготовка. Купувам по две тегли месечно и доволно е за двајца“- вели домаќинка.


Повеќе на Фактор.мк