По 7 месеци врска се вери Ребел Вилсон: Актерката призна - Мислев дека барам принц, а ми треба принцеза

Судбоносен чекор за поранешната бучка!

Ребел Вилсон (42) се вери со својата девојка Рамона Агрума по само седум месеци врска. За„Америка Пејџ Сикс“ извор изјави дека парот се свршил на неодамнешната забава на Казамигос за Ноќта на вештерките.


- Се бакнаа во ќошот и на сите им кажаа колку се возбудени што ќе се свршат - рекол изворот и додал дека и дваете носеле дијамантски веренички прстени.


Австралиската ѕвезда претходно беше во врска со наследникот на Бадвајзер и основач на сладоледот на Napo's Dairy Free, Џејкоб Буш, но тие се разделија во февруари 2021 по околу една година врска.

Набргу потоа, Ребел за „People“изјави дека таа е „малку поконзервативна девојка“, признавајќи дека „излегувала со неколку луѓе во текот на летото и одлично се забавувала со нив“ и дека „е сингл и го бара вистинскиот“.

Рамона има модна линија, Lemon Ve Lemon, која меѓу другото продава одржливи дуксери од 200 долари, а се вели дека е популарна во нејзината родна Латвија.

View this post on Instagram

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)


Среќната двојка, исто така, само што лансираше сопствена линија за одржлива облека, R&R Club, која во основа изгледа како серија на прескапи тренерки.


Фото: Инстаграм - Ребел Вилсон
Можеби ќе ве интересира:

- Актерката Ребел Вилсон открива: Оваа едноставна работа ми помогна да ослабам 35 килограми