Одеднаш ги сменил плановите и го послушал татко му: Како принцот Вилијам ја оставил Кејт во солзи за една Нова година?

Вестите поврзани со кралското семејство, особено принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, секогаш се интересни за јавноста.

Принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон станаа принц и принцеза од Велс по смртта на кралицата Елизабета Втора, а од самиот почеток на нивната врска важеа за многу хармоничен кралски пар.

Малку е познато дека во 2006 година, Кејт во солзи ја дочекала 2007 година, имајќи предвид дека Вилијам во последен момент ја известил дека нема да дојде на свечената вечера во куќата на нејзините родители.

Иако тогаш биле во врска веќе три години, Вилијам разговарал со својот татко и баба, кои го советувале да не брза во врската со Кејт.

Меѓутоа, неколку месеци откако ја остави во солзи на новогодишната ноќ, тие раскинаа, за да се смират на крајот на истата година.

Потоа во 2010 година се верија, а во 2011 година нивната венчавка ја следеа 160 милиони луѓе ширум светот. Во бракот имаат и три деца, а откако станаа родители нивната сериозност е секогаш на високо ниво, почитувајќи ги сите правила на кралското семејство.

Во последните неколку месеци, па и години, нивната позиција ја разнишаа многубројните изјави на принцот Хари и Меган Маркл, чии документарци и мемоари привлекоа големо внимание, па прашање е дали во британското кралско семејство се е совршено.


ФОТО: Инстаграм