Несекојдневна фотка на новороденче остава без здив: Го сликале бебето со постелката и папочната врвца, а зад тоа стои прекрасна порака

Велат дека една слика може да замени илјада зборови

Ова новороденче дојде на свет со една едноставна порака. Порака за љубов. Таа може да се види на впечатлива фотографија од бебе кое сѐ уште е прикачено на плацентата и папочната врвца од која го напишале зборот „љубов“.

Фотографијата на малата Харпер Хоани е направена во Австралија од фотографката и поранешна акушерка Ема Џин Нолан само час и половина по нејзиното раѓање. Под фотографијата објавена на Фејсбук, Ема објасни дека папочната врвца и плацентата се од посебна вредност и важност за Маорите. Затоа се закопани во земја како знак на односот на детето со мајката Земја, од каде што потекнува, и со неговите предци.

Интересно е што на маорскиот јазик зборот „хенуа“ значи и плацента и земја. Според традицијата, таа мора да се врати на земјата заедно со „питата“, односно папочната врвца - врската меѓу новороденчето и „папатуануку“, мајката Земја.


На фотографијата папочната врвца е наредена со зборот ЉУБОВ, кој треба да ве потсети на старите верувања на Маорите. Затоа што Ема тврди дека во западната култура плацентата и папочната врвца не се почитуваат како што заслужуваат.

- Тоа е застарено, игнорирано и се смета за ужасно. Но, без плацентата, никој од нас не би бил тука. Во време кога сме толку одвоени еден од друг, живееме далеку од историјата и еден од друг, огромниот, позитивен прием на оваа фотографија докажува дека на сите ни недостасуваат врски, блискост, зависност, поврзаност – вели таа.

Ваква уникатна фотографија од дете по раѓање не сме виделе. Што мислите за овој обичај?