Ѝ ја посвети една од најубавите балади: Како изгледа поранешната девојка на Владо Георгиев со која беше во врска цели 7 години?

Владо Георгиев долго време важеше за голем заводник, по кој воздивнуваа многу девојки, пред да ја запознае сегашната сопруга

Пејачот Владо Георгиев ужива во љубовта со Милица Самарџија со која ги има ќерките Софија и Елена, а неговиот емотивен живот од минатото е донекаде заборавен.

Владо своевремено беше еден од најпосакуваните ергени, а малку е познато дека пред Милица седум години беше во врска со Ирена Маркет, девојката на која ѝ ја посвети песната „Жена без имена“.

Ирена била вработена во неговата фирма, а извесен период ја извршувала и функцијата ПР менаџер. Неколку пати раскинуваа и се смируваа, но сите околу нив очекуваа дека љубовта ќе победи и двајцата ќе се венчаат.


По раскинувањето, таа се пресели во Америка и таму се омажи, а подоцна доби син и ќерка. Додека пејачот среќата ја најде покрај 15 години помладата Милица, двајцата не се официјално во брак.

‒ И двајцата имаме ист став за институцијата граѓански брак – непотребен, излишен, застарен. На никој не му го попправил животот. Важно е како живееме, што правиме и како го браниме семејството. Не е лесно. Но, матичар - никако - рече Георгиев.

Извор: glossy.espreso.co.rs