Не можам да одам без бастун, свесна сум во каква состојба сум: Холивудската дива растажи со признанието дека ѝ е дијагностицирана мултиплекс склероза

Кристина Еплгејт ја раскажа својата тажна приказна и расплака многумина.

Актерката Кристина Еплгејт ја опиша својата трета и последна сезона на „Dead to Me“ како најтешка поради дијагнозата што ја добила и тортурата што ја претрпела за време на снимањето.


На 50-годишна возраст на познатата актерка ѝ е дијагностицирана болест на централниот нервен систем, која се карактеризира со прекин на протокот на информации помеѓу мозокот и телото, поточно мултиплекс склероза. Иако направи петмесечна пауза за да ја врати силата да продолжи со снимањето, нејзиното враќање беше многу болно.

Страшната вистина е дека Кристина повеќе не може да го прави тоа што го прави најдобро - да глуми, но во големото интервју за Њујорк Тајмс истакна дека никогаш не го прифатила тој факт.

View this post on Instagram

A post shared by Theory (@shadysidesnews)


Нејзината подвижност значително опадна, а и требала и инвалидска количка за да се движи на снимање, но најтешкиот дел било снимањето на високи температури. Таа не можела да глуми сцени кои бараат од неа да стои или да влезе во просторија, па за тие цели секогаш се потпирала на врата за да не падне. Откако последната сезона се емитуваше на Нетфликс, Еплгејт изјави:

- Ова е прв пат некој да ме види во ваква состојба, се здебелив. Не можам да одам без бастун и сакам луѓето да знаат дека сум многу свесна за тоа - изјави таа.

фото:PROFIMEDIA

Кристина Еплгејт додава дека не е сигурна дека некогаш ќе ја гледа последната сезона од серијата бидејќи сето тоа било премногу болно за неа, а снимањето го испочитувала до крајот најмногу поради нејзината пријателка Линда Карделини која била адвокатка на сетот.

Кристина претходно се бореше со рак на дојка и беше подложена на двојна мастектомија во 2008 година.

извор:GLOSSY