Најубавата манекенка од овие простори го освои светот со својот изглед, а нејзината убавината и денес остава без здив: Ги засени дури и Наоми Кембел и Кејт Мос

Фото: youtube

Корина Лонгин од Задар е една од најуспешните манекенки од Балканот, а постигна завидна кариера на светската модна сцена. Во 2007-ма година замина во Америка, а приватниот живот го држи подалеку од очите на јавноста.

Корина Лонгин се пресели во Њујорк на 15 години и работеше на најголемите кампањи, како оние за Guess, Dolce & Gabbana, Yves Saint Laurent и многу други. Корина привлече посебно внимание кај светската јавност кога се појави во спотот на N'Sync за песната „Gone“, рамо до рамо со Џастин Тимберлејк.

Фото: youtube

Во тоа време немаше светски магазини чии насловни не ги красеше, а ревии носеше во друштво на Наоми Кембел и Кејт Мос.


Корина неодамна го прослави својот 41-ви роденден и по тој повод објави свои нови фотографии на социјалните мрежи.

„41! Јас сум неизмерно благодарна за уште една година живот! Ви благодарам на секој од вас за сета љубов што ми ја испративте на мојот роденден вчера!! Тоа секогаш ми значи многу! На моето семејство и пријателите кои го направија мојот роденден толку посебен - ве сакам и вечно сум ви благодарна - ви благодарам!!!“, напиша Корина, а новите фотографии ги воодушевија сите нејзини следбеници.


Новите фотографии откриваат дека и покрај тоа што долго време не е дел од модниот свет, убавината на Корина Лонгин не избледува. Инаку, Корина во 2007-ма година се омажи за раперот Фред Стар, со кој има три деца. Парот не сака да се експонира, а иако Корина ја следат околу 11.000 луѓе на Инстаграм, таа сепак најинтимните моменти од животот ги држи подалеку од очите на јавноста.

Извор: zena.blic.rs