„Многумина паѓаат во шок кога ќе ме видат“: Оваа жена пилот е вистинска убавица, а еве со што ракува

Есер Аксан, една од женските пилоти, открива која е нејзината професија и како се одлучила тоа да биде нејзина работа...

Дека денес можеме да видиме жени на деловни позиции кои некогаш за нив биле незамисливи, докажаа и бројни припаднички на понежниот пол. Значи, има жени механичарки, електричари, возачи на камиони, како и оние кои се испробале во градежништво, но и летање авиони.


Есер Аксан (36) од Турција е една од нив! Да се стане пилот бил нејзиниот детски сон, кој успеала да го оствари по многу жртви и упорност. Работата на пилот и донела многу убави моменти, запознала прекрасни луѓе, а патувањата од Турција до Костарика се само составен дел за неа. А како што кажа и самата, вечното сино небото, меките облаци и можноста за посета на далечни земји отсекогаш ја привлекувале.

View this post on Instagram

A post shared by Eser Aksan E. | Captain (@echosierra85)



„Бев некако мала, па не знаев тогаш, но отсекогаш сакав да летам со Ф16, но бидејќи сум против војна, насилство и војска, летањето со големи авиони е многу подобро“, раскажува таа.

Пред неколку години имала можност да вози „боинг 737“ до различни дестинации, а најчести летови и биле за Европа и Блискиот Исток. И сега таа е задолжена за ракување со Ербас А330.

Кога ќе слета во Саудиска Арабија, која инаку е позната по строгите правила за жените и каде што не можат ни да возат автомобил, Естер вели дека вработените таму на аеродромот се изненадени секогаш кога ќе ја видат.

„Неколку од нив знаат да гледаат во мене и едноставно се во неверување како никогаш да не виделе жена да управува со авион“, вели Естер. Освен што работата и носи бројни бенефиции и одлична заработка, таа исто така никогаш не е досадна.

„Кога ќе се искачам на над 12.000 метри, можам да видам толку многу убави нешта, како Млечниот пат, а кога летам над Скандинавија, можам да ја видам и Аурора Бореалис во текот на зимата“, додава таа.

Покрај нејзината способност да управува со авион кој може да прими околу 300 патници, Естер важи и за вистинска убавица. Таа на својот Инстаграм профил редовно објавува интересни моменти од авионот, но и егзотични и далечни дестинации, а моментално ја следат и поддржуваат околу 130 илјади следбеници.

View this post on Instagram

A post shared by Eser Aksan E. | Captain (@echosierra85)



Погледнете го и видеото во кое можете да видите како вози авион:

View this post on Instagram

A post shared by Eser Aksan E. | Captain (@echosierra85)