Младиот Давид Бабунски ќе стане татко по трет пат: По две момчиња, дали ќе се израдуваат на ќерка?

Има само 28 години а веќе е татко на две слатки момчиња.

Во семејството на младиот македонски репрезентативец Давид Бабунски пристигнува трето дете.

Дали овој пат сопругата Катарина ќе му подари девојче, останува да почекаме.

Убавата вест среќните родители ја споделија на социјалните мрежи со низа фотографии а под нив во постот напишаа:

„Наскоро доаѓа трето дете. Многу сме среќни и благодарни за овој благослов“.