„Ми рекоа дека имам уште шест месеци живот“: Познатиот водител сподели болна исповед за последните денови со семејството

Само една недела откако го почувствувал првиот симптом, популарниот водител дознал дека му се ближи крајот

Британскиот водител Џони Ирвин (48) објави дека се бори со рак во терминална фаза и дека не му останува уште многу живот пред себе.

Како што објасни, сака да ја сподели својата приказна бидејќи се надева дека ќе ги поттикне луѓето да го искористат максимумот од секој ден.

View this post on Instagram

A post shared by Jonnie Irwin (@jonnieirwintv)


Водителот откри дека во 2020-та година го почувствувал првиот симптом на рак - заматен вид додека возел, а неколку дена подоцна се соочил со најтешката прогноза.

- По една недела од тој момент ми рекоа дека имам уште шест месеци живот. Морав да си одам дома, да ѝ кажам на жена ми, која беше со нашите новородени близнаци, дека ќе биде сама. Беше поразително и сè што можев да направам беше да ѝ се извинам. Чувствувам одговорност за сè што се случува – призна Џони.

View this post on Instagram

A post shared by Jonnie Irwin (@jonnieirwintv)


Ирвин боледува од рак на белите дробови кој се проширил на мозокот, а до неодамна ја криеше својата состојба од јавноста.

- Сега, сепак, дојде до точка да се чувствувам како да кријам некоја валкана тајна, како да носам некој невидлив товар на мојот грб. Се надевам дека со отстранување на тој товар, ќе ги инспирирам луѓето кои се во слична ситуација, на кои не им останува уште многу живот, да го искористат максимумот од секој ден, да им помогнам да видат дека дури и кога умираат, можат да живеат добар живот. Еден ден сето тоа ќе ме достигне, но давам сè од себе тоа да се случи што е можно подоцна. Тоа им го должам на мојата сопруга и на синовите. Некои луѓе во мојата ситуација имаат список со желби, но јас само сакам да правиме што повеќе заедно како семејство – сподели водителот.

View this post on Instagram

A post shared by Jonnie Irwin (@jonnieirwintv)


Џони Ирвин со сопругата Џесика ги има двегодишните близнаци Рафа и Кормак и тригодишниот син Рекс, а истакнува дека не е сигурен уште колку ќе живее - иако знае дека нема уште многу.

Сепак, тој се обидува да научи да живее со својата болест наместо да го чека крајот.

- Си поставувам мали цели, работи за кои сакам да бидам таму. Се навикнав да си кажувам да не планирам однапред бидејќи можеби нема да постигнам ништо. Но, сега сакам да планирам, сакам да создавам спомени и да ги доловам овие моменти со моето семејство. Реалноста е дека моите момчиња ќе пораснат не познавајќи го својот татко и тоа ми го крши срцето – истакна тој.

Извор: glossy.espreso.co.rs