Ме тепаше секој ден, ме заклучуваше во соба и ме тераше да се правам дека сè е во ред: Познатата актерка ги сокриваше модриците со пудра

Фото: Instagram/Profimedia

Сите ја знаеме Абигејл Бреслин по улогата на малата госпоѓица Саншајн, но сега излезе нејзината морничава приказна

Абигејл Бранслин денес има 26 години и е среќна и заљубена млада жена. Таа се прослави со улогата во филмот „Малата госпоѓица Саншајн“ кога беше прогласена за чудо од дете поради нејзината неверојатна глума.

Иако се чинеше дека нејзината кариера допрва почнува, таа беше запоставена и заборавена по таа прва улога. Таа сè уште глуми, но се појавува многу ретко, а кога го прави тоа е во хорор филмови.


Причината за ова можеби е тоа што Абигејл со години била во токсична врска со момче кое ја малтретирало физички, вербално и емоционално.

Сето ова го призна и самата актерка со објава на Инстаграм:

„Бев во многу сурова, злоставувачка врска скоро 2 години. Сè беше прекрасно на почетокот, бев толку заљубена. За жал, мојот насилник ја искористи мојата наивност и брзо стана насилен. Ме тепаше секој ден, ме заклучуваше во соба и ме тераше да се правам дека сè е во ред. Со денови ги криев лузните по целото тело“, напиша Абигејл.


„Ќе користев коректор и дебел слој пудра за да ги сокријам модриците на телото и лицето. Се плашев од него, но најлошите повреди беа психолошки. Ме навредуваше и ми ја уништи самодовербата. Се чувствував недостојна за љубов, грда и несакана. Мислев дека заслужувам да бидам тепана и угнетувана“, раскажа таа.

На крајот семејството и пријателите ја извлекле од целата ситуација. Тие со внимание и активна помош ја извлекле од маѓепсаниот круг на токсичната врска и така успеале да ја ослободат од челичниот стисок на нејзиниот насилник. Денеска Абигејл е во среќна врска и е свршена со партнерот Ира Куњански.


„Сега сум среќна, здрава личност, но сè уште имам моменти. Имам ПТСН и понекогаш имам непријатни соништа и се будам во паника, сè уште се опоравувам од траумите“, заклучи таа.

Погледнете како изгледа Абигејл денес:


Извор: stil.kurir.rs