Мартија Станојковиќ одбра безвременски секси моден изглед: Пејачката во црно - бела комбинација

Црно-белите комбинации на облека многумина ги отфрлаат како здодевни и неинтересни, но една од најважните карактеристики на ваквите модни комбинации е класичноста, која дава посебен шарм. Доволно е да имате малку фантазија и црно-белата комбинација може да биде сè само не здодевна.

Предноста на овој начин на облекување е што има многу клучни парчиња кои можат да се носат заедно, но и одделно, а плус е што црно-белиот свет е прифатен во секоја прилика. Покрај тоа што е симбол на елеганција и добар стил, црно-белата комбинација е добар избор за секоја пригода, наменета е за сите генерации и не можете да погрешите.

Младата пејачка Мартија Станојковиќ навреме ја разбрала моќта на оваа модна комбинација, па и најчесто ја носи на себе. Често може да се види како за нејзините јавни настапи ја одбира црно белата комбинација или одделно само црна или само бела.

Овие две бои се секогаш во тренд, а подеднакво добро се комбинираат и за дневни и за вечерни верзии, тоа добро го покжаува младата Мартија.

Познавачите на модата тврдат дека постои само една модерна комбинација на бои која никогаш не излегла од тренд, а тоа е вечната класика -  црно и бело.

Фото: Инстаграм