Мајка на три деца дала отказ и станала домаќинка: За две години заработила 170.000 евра

Во септември 2019 година, таа ги направи првите три сосови кои доживеаја вистинска експанзија

Мајката на три деца заработила 150.000 фунти (околу 170.000 евра) за две години од споредна работа, откако сфатила дека нејзината кариера е „заглавена“ и дека и треба промена.

Со страст за храна, Доминик Волф (44) почнала да развива идеи и рецепти за сосови, менувајќи ја својата стерилна работа со онаа од дома.

View this post on Instagram

A post shared by Dominique Woolf (@dominiquewoolf)



Во септември 2019 година ги направила првите три сосови, кои доживеале вистинска експанзија, бидејќи на божиќниот пазар продала дури 250 производи. Раниот успех ја охрабрил Доминик да инвестира 3.000 фунти (околу 3.400 евра) и да ја отвори „Кујната на Вулфот“, објави британски The Sun.

Најпрво продавала сосови во локалните продавници, а кога се дознало за нејзиниот бренд, набрзо се нашла на полиците на еден од британските синџири супермаркети.

Признавајќи дека не е лесно да се „балансира сè“, Доминик истакна дека знаела дека мора да „направи нешто за себе“ откако ги родила своите деца (5, 6 и 8 години).

View this post on Instagram

A post shared by Dominique Woolf (@dominiquewoolf)



Таа истакнува дека би заработила повеќе од 150.000 фунти доколку пишувањето на нејзината книга за готвење не и одземало време.

– Понекогаш се чувствувате виновни како мајка, ако не поминувате доволно време со вашите деца и не сакате да жалите што не го поминавте тоа време – додаде таа.

Доминик победи и на предизвикот на Џејми Оливер во март, по што ја објави нејзината книга за готвење „Кујната на Доминик“, која беше бестселер на „Сандеј Тајмс“.


фото: Инстаграм