Концерт на „Галија“: 2000 раце дигнати во вис

На моменти потскокнување и пеење на цел глас, на моменти наежена кожа – така реагираше публиката на синоќешниот концерт на групата „Галија“ насловен како „Акустично као некада“.

 Особено беше импозантен делот кога присутните во големата сала во МОБ, исполнета до последно место, ги дигнаа рацете во вис на мегахитот „ Дигни руке“. Се нижеа понови песни како „Нешто ме гони“ и “ У рају меѓу облака“, но и старите антологиски теми.

Бендот кој името го доби според една кафана во Ниш, нивниот роден град, постои на сцената 47 години. Досега објавиле 15 студиски албуми, еден концертен и шест компилациски.

Ненад Милосављевиќ - Неша фронтмен на легендарната група , уште еднаш потврди дека е врвен музичар, вокал кој со акустичната гитара секогаш успева да ја одушеви публиката и да ја потсети на убавите и носталгични мигови. Не зборуваше многу, освен што често истакнуваше „ ви благодарам дами и господа“. Во публиката доминираа претставници на постарите генерации. Остави музиката да зборува за нив.

Бендот звучеше компактно. Мајсторски како на цеде беа отсвирени „Додирни ме“, “Старе трубе’ „Још увјек сањам“ „Када ме погледаш“...

Публиката ги врати на бис. Но, на сцената излезе само Милосављевиќ кој ги испеа на македонски стиховите „Ќе најдеш цвет кој по мене мириса, ќе најдеш цвет кој умира“. Публиката го поздрави со бурен аплауз.

„Галија“ одржаа два одлични акустични концерти во Скопје во петокот и во саботата, во организација на „Авалон“. Овој настан е дел од одбечлежувањето на својата 30 годишна успешна работа.

С.А.Н