Коктели, ракчиња и чист хедонизам: Лепа Брена ужива за сите пари во Мајами, во вилата на која и Бекамови „фрлија око“ (ФОТО)

Лепа Брена е во Америка каде неодамна го прослави и 62. роденден, а таму ужива за сите пари! На социјалните мрежи пејачката објавува фотографии од Мајами во лелеави, летни комбинации.

Семејството Живојиновиќ е познато по тоа што ужива во добра храна, а сака и знае да се опушти со пијалаци, па Брена покажа и што јадат и пијат таму.

Палми, сонце, големи шешири, сето тоа можеме да го видиме на објавите на Брена , а веруваме дека многумина би сакале да бидат на нејзино место токму сега.

- Хедонист на животот, создавањето и љубовта кон сѐ и секого - напиша Брена во описот.

View this post on Instagram

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)


Инаку во текот на нејзината успешна кариера, Брена покрај тоа што инвестираше и во приватни бизниси, кои продолжува да ги развива и проширува и денес, еден од многуте имоти кои ги поседува пејачката е токму луксузната вила во Мајами.


Вредноста на вилата од 400 метри квадратни, со голем двор и базен, се проценува на повеќе од милион долари.

Пејачката и нејзиното семејство често престојуваат во својата палата во Мајами. Вилата е позиционирана веднаш на брегот, а пејачката има совршен поглед од големата тераса. Покрај големата тераса со поглед на море, се издвојува пространата кујна во посветли тонови и само неколку црни детали, која создава одлична контраст. 

Се шпекулираше и дека Викторија и Дејвид Бекам „фрлиле око“ на вилата на пејачката, која сакале да ја купат, но Брена наводно одбила да ја продаде.

извор:kurir/stil.kurir