Коко Шанел: Облечете се парталаво и ќе го запомнат фустанот, облечете се беспрекорно- ќе ве запомнат вас

„Модата се менува, но стилот останува“ - Коко Шанел!

Модата често се менува.

Работ на облеката се продолжува па се скратува, ткаенините стануваат посветли. Стилот не е она што не прави модерни. Не, тоа е начин на кој го носиме тој стил и тој одредува дали намерно сме облечени. Коко Шанел тоа го знаела.

Еве неколку совети од подрачејто на модата од модниот гуру Коко Шанел кои и децении подоцна се вредни.

За да биде незаменлива, жената секогаш треба да биде поинаква.

Модата избледува, само стилот останува ист.

Пантолоните ги ослободуваат жените.

Совршеното здолниште треба да ги покрива колената.

Обожавајте ги кратките црни фустани.

Совршениот костим треба да биде комбинација од женствени и мажествени елементи.

Јакните треба да се меки.

Стилските чевли може да се во две бои.

Жената со убави чевли, не може да биде грда.

Чантата со рачка која се префрла преку рамото е најдобра бидејќи ги остава рацете слободни.

Парфемот е исто толку важен колку и облеката.

Најубава боја е онаа што најубаво ви стои.

Облечете се парталаво и ќе го запомнат фустанот, облечете се беспрекорно и ќе ве запомнат вас.

Модата е архитектура: сè е прашање на пропорции.

Едноставноста е клуч за вистинската елеганција.

Грижејќи се за својата убавина, најпрво треба да започнете со вашата душа и срце. Во спротивно нема да ви помогне ни најскапата козметика.