Која е државната фирма што дели најголема просечна плата? Изнесува 1.000 евра!

ГА-МА добро ги плаќа своите вработени. Лани за нив се исплатени вкупни бруто трошоци од 1,1 милиони евра односно бруто со вклучени придонеси на месечно ниво просечно вработен ја чинел ГА-МА 1.500 евра. Просечната нето плата по одбивањето на придонесите е нешто повеќе од 1.000 евра. Ваква плата и приличи за вработени во претпријатие кое управува со главната гасоводна цевка во Македонија

ГА-МА има подобра просечна плата од ЕСМ и од МЕПСО, и со тоа го понесе епитетот за државна енергетска фирма која најдобро ги плаќа своите вработени.

ГА-МА од втората половина на минатата година е целосно државна компанија откако Владата и „Макпетрол“ постигнаа договор и приватната компанија ги отстапи своите акции за соодветен паричен надоместок.

ГА-МА вработува вкупно 58 лица од кои петмина се членови на Одборот на директори.

Целиот текст можете да го прочитате на ФАКТОР