Кога ќе се појави таа - сè застанува! Оваа жена го освои убавецот кој требаше да биде првиот Бонд со африканско потекло

Шармантниот актер за кој со години се шпекулираше дека ќе биде следниот Џејмс Бонд е среќно заљубен во жена со нереална убавина

Британскиот актер Идрис Елба беше еден од најзабележителните гости на доделувањето на „Footwear News Achievement“ наградите, каде што беше придружуван од сопругата Сабрина Даур Елба.

Додека актерот носеше црн костум кој е извонреден спој на класичното и модерното, неговата избраничка се појави во кафеав ролка фустан со долги ракави. Станува збор за макси креација која ја истакнува нејзината беспрекорна фигура, а Сабрина како и во секоја прилика, ги маѓепса сите со својата убавина.

View this post on Instagram

A post shared by Footwear News (@footwearnews)


Сомалиско-канадската убавица и Идрис се заљубија во 2017-та година, а актерот еднаш раскажа како сето тоа започнало - како што Сабрина го хипнотизира светот на секој чекор, така го маѓепсала и него.

- Во единствениот слободен ден што го имав, излегов. Беше недела вечер. Отидов на забава и таа беше таму, тоа беше забава наречена „Slow Jam Sunday“. Ја видов и ме маѓепса. Останатото е историја – изјави Идрис во интервју за „Вог“ пред неколку години.

Двојката се вери следната година и се венча во Маракеш во април 2019-та година.

Елба, инаку, со години важи за еден од најпосакуваните мажи во Холивуд, а неговиот талент и привлечност се факторите кои го прават следниот и прв темен Бонд.

Сепак, тој неодамна конечно демантираше дека нема да го наследи Даниел Крег во улогата на тајниот агент 007 Џејмс Бонд.

- Немам мислење за тоа кој понатаму да го игра Бонд. Мислам дека актерската екипа може да биде одлична и со нетрпение очекувам, кој и да биде. Но, кога ќе се погледнам во огледало, не го гледам Џејмс Бонд – изјави Елба во интервју за „The Wall Street Journal“.

Извор: glossy.espreso.co.rs