Кога диџејот Дејвид Гета се ожени прв пат, таа имаше 2 години: После 7 години врска ја остави и неа, а причината е бизарна

Дејвид Гета сега и официјално е самец, што го прави еден од најатрактивните ергени во моментов

Дејвид Гета раскина со својата девојка Џесика Ледон, со која беше во врска речиси седум години.

Изворот вели дека диџејот раскинал со актерката бидејќи имале различни распореди, обврски и патувања и како резултат на тоа се оддалечиле.


Двојката почна да се забавува во 2015 година, а интересно е што разликата во годините меѓу нив е 24 години.

Се шпекулираше дека Дејвид ги оставил сопругата и децата, го запоставил својот 22-годишен брак, поради Џесика. Откако стапи во врска со оваа атрактивна бринета, Гета стана значително помлад - почна да вежба и да се облекува на модерен и стилски начин.


Но, изгледа толку се плашел од брак што минатата година на својата девојка и подарил обврзувачки прстен наместо веренички и сето тоа под слоганот дека „веќе не верува во брак“.

Се чини дека парот се разделил минатата пролет бидејќи Дејвид цело лето го помина на Ибица, додека Џесика живееше во САД.

„Иако мислеа дека се создадени еден за друг, се покажа дека не е вистина“, рекол извор близок на парот.

Дека Џесика е таа која најмногу страда, откри нејзината изјава на Инстаграм каде што рече „Влегувам во нова ера без извинување и со многу убедувања“.



Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot

Можеби ќе ве интересира:

Поради неа се разведе по две децениски брак: Дејвид Гета ужива во љубовта со 25 години помладата Кубанка