Каква промена: Катарина Радивојевиќ има нова фризура која брише години од нејзиното лице (ФОТО)

Катарина Радивојевиќ го трансформираше својот изглед со нова фризура

Таа спаѓа во онаа група жени чии години немаат никаква врска со нив. Катарина Радивојевиќ секој ден е сѐ поубава, а за тоа сведочи и најновата промена која ја направи.

Имено, изгледот на Катарина Радивојевиќ беше драстично трансформиран со нова, подмладувачка фризура.

Една од најубавите Србинки никогаш не се препуштила на прекумерни естетски корекции, а најмногу промените околу нејзиниот физички изглед се однесуваат на нејзината коса.


Овој пат таа реши да ги скрати шишките и го постигна токму она што го сакаше - сите со ентузијазам го коментираа нејзниот нов изглед.

Многу од обожавателите на актерката веднаш ја забележаа промената и коментираат дека Катарина изгледа барем 10 години помладо.

Експертите за убавина одамна тврдат дека нема подобар ботокс од завеси-шишки, што јасно се гледа на примерот на актерката.

Извор: gloria.rs