Ја запроси на првиот состанок, во брак се 58 години: Најубавата љубовна приказна во светот на модата започна толку романтично

Фото: FOTO: EPA-EFE/JASON SZENES

Бидејќи славниот дизајнер живее многу повлечено далеку од очите на јавноста со своето семејство, малку се знае колку тој имал среќа што рано ја пронашол жената на својот живот

Американскиот дизајнер Ралф Лорен зад себе има 60-годишна кариера, откако влезе во светот на модата како многу млад асистент за продажба на вратоврски и набргу потоа основаше линија за машка облека.

За тоа време го достигна статусот на еден од најпочитуваните Американци, соработуваше со едни од најубавите жени на планетата, а во неговото срце имаше место само за една - онаа која беше со него од почетокот. 

Кога штотуку почнуваше како дизајнер на вратоврски во Њујорк, Ралф Лорен, тогаш Ралф Лифшиц, се запозна со Рики Ен Лоу-Бир, четири години помлада од него и ќерка на австриските имигранти Маргарет Витуш и Рудолф Лоу-Бер, која работеше како учителка и повремена танчерка во Бронкс.

За време на нејзиниот краток престој како рецепционерка во ординација на офталмолог додека сè уште студирала, Ралф еден ден влегол во канцеларијата и по многу краток разговор ја замолил да излезат. Рики се согласила, а младиот креатор дошол по неа во спортски зелен автомобил и ја извел на палачинки. Според некои извори, Ралф ја запросил Рики на првиот состанок, а тие се венчале неколку месеци подоцна, во декември 1964-та година.

Малку е познато дека сопругата на Ралф Лорен била голема муза за време на неговата кариера, и таа инспирирала нешто што му било многу важно во тие рани денови. Откако го основа спортскиот бренд „Поло“, ги избра моделите за рекламната кампања да личат на неговата Рики.

- Не ми се допаѓање девојка со шминка и штикли. Сакав девојка во фармерки и бела маица со засукани ракави, облечена во јакната на нејзиното момче. Тоа е девојката што ме привлекува. Тоа е девојката со која сум во брак - Рики - изјави Лорен години подоцна во едно интервју.

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Неколку години подоцна, тој лансираше и линија за женска облека, а ја доби идејата од фрустрацијата на Рики дека никогаш не можела да најде нешто што одговара за нејзината ситна фигура.

Двојката за време на бракот ги доби синовите Ендру и Дејвид и ќерката Дилан, а Рики паузираше неколку години за да му се посвети на семејството. Откако сите деца тргнаа на училиште, таа се врати на колеџ и дипломираше психологија, а подоцна работеше како психотерапевт.

Малку е познато дека таа е автор на неколку книги за начин на живот и готвење, а се испробала и како фотограф.

Бракот на Ралф Лорен и неговата сопруга Рики трае веќе 58 години, а дизајнерот сè уште на секој чекор нагласува колку е среќен што ја пронашол.

- Мојата сопруга Рики е мојата муза. Нејзиниот личен стил и природна убавина отсекогаш биле моја инспирација – објасни тој пред неколку години.

Извор: glossy.espreso.co.rs