Ивана Кнез: Ослабев за да облечам црн тесен фустан без да го тегнам кај стомакот и без да се туфкам дали некој ме гледа како што се гледам јас

Дизајнерката Ивана Кнез не престанува да биде инспирација. Со нов инстаграм статус таа повторно ги мотивира дамите низ сопствениот пример.

„Лезет и љубов, проектот на кој работиме подолг временски период драги мои Lovecats, оние кои ме пратите веќе подолг период знаете какви се промени поминав и колку можни експерименти направив со себе и сопственото тело. Јас велам ако не пробаш нема да знаеш, во современиот свет никој не не научи дека балансот и љубовта кон себе се на прво место за формирање на здраво општество и функционален систем. Имаме навика да ги кривиме сите околу нас без да превземеме одговорност за сопствените одлуки. 

View this post on Instagram

A post shared by IKnez Drama Lovecats (@dramaknez)



На сликата лево сум јас на 23 години. Десно е денес, 36 со два тома искуство позади себе, преполна со соништа и надеж за подобро утре за кое се борам во секој миг. Заедно со моите прекрасни жени, за да ви дадеме мотивација за нови почетоци, многу љубов и себе почит одлучивме вака: Јас ослабев за да облечам црн тесен фустан без да го тегнам кај стомакот и без да се туфкам дали некој ме гледа како што се гледам јас. Ослабев со цел сопственото здравје да ми биде приоритет. Испробав се можно од режими и исхрани и сфатив дека не сакам да не можам да си дозволам балансиран Лезет. Направивме еден дневник на сите мои вкусови со броени калории и за секое купено парче гардероба од @lovecatsoriginal ќе го добиете тој дневник на Мејл. За вежби нема да ве давам, не сум експерт, ќе постирам на story се тоа што јас го следам и правам. Сакам да го вратиме концептот на дотерана жена без повод и причина, сакам да ја вратиме жената која современиот начин на живот ни ја зема. Вие сте моите идоли и јас сум тука за вас. Знам колкава е битката што секоја од вас ја води секој ден исто како што знам колкава храброст е потребна денес да си своја, една и единствена. Ова е само почеток, ќе се пратиме и ќе создаваме заедно убавини! Јас верувам во денес и сега и верувам дека секоја од вас има сила за да ја направи промената која и е потребна за квалитетен животен стил. Намасте прекрасници, ве љубам“ , напиша Ивана на социјалната мрежа Инстаграм.

Ова не е прв пат дизајнерката да биде инспирација за послабиот пол.

Таа неодамна во слична објава направи споредба како изгледала на 20 а како на 30 години и каков начин на живот практикувала тогаш.

Ивана Кнез: На 20 многу цигари, алкохоли, шеќер-на 30 балансирана храна со многу зеленчук и овошје