Има совршено тело, сака мотори и тетоважи: Миа Костова со уникатна и откачена порака за роденденот на мајка си

Познатата поранешна ТВ водителка и влијателна дама на социјалните мрежи, Миа Костова денеска има повод за славење.

Имено нејзината мајка Оливера прави роденден. Миа во свој стил со нивна заедничка фотографија ѝ го честиташе роденденот на мајка си: 

„Среќен роденден, мајко! Ти благодарам за сè, биди тука уште барем толку! *ако ве родила дупла шкорпија со месец у лав родена на ден на вештерки, пишете ми во инбокс ќе си се потешиме“

Инаку Оливера иако е веќе во седмата деценија од својот живот, и има родено две деца, има тело на кое може да ѝ позавидат и двојно помлади девојки. За неа е познато дека има младешки стил и е љубител на мотори, тетоважи и плажи.