„Голд Фелициа“ со награда за најуникатен локал на 16 роденденски спектакл на „Бекстејџ“

Естрадниот магазин „Бекстејџ“ направи роденденската прослава, а на истата присуствуваа многу јавни личности од македонската и балканската естрада, меѓу кои и дел од тимот на добро познатото Кабаре Шоу во „Голд Фелициа“!

На роденденската прослава беа доделени признанија на најуспешните соработници од музичката, спортската и телевизиска сфера.

Наградата за најуникатен локал ја доби „Голд Фелициа“ , со најпрепознатливото и најуникатно кабаре шоу од единствен карактер во Македонија.

Наградата ја прими уметничкиот директор на „Голд Фелициа“ - Димитар Андоновски во кратката изјава јавно се заблагодари за поканата на 16- годишниот родендески спектакл на „Бекстејџ“, а воедно и на сопствениците на локалот како и тимот на Кабаре Шоу.

Комплексот на „Голд Фелициа“ е домаќин на голем број на настани и најдобрите забави со најпознатите балкански ѕвезди. Автентично и егзотично искуство, уникатните музички и танцови рутини, сценските ефекти кои го одземаат здивот, прекрасните костими и луксузни ентериери се визуелно задоволство што го создава Кабаре Шоу. Незаменливaта удобност се надополнети со внимателна и дискретна и беспрекорна услуга низ сите области на хотелот. Покрај огромните кулинарски понуди на специјалитети и огромната селекција на вина кои ќе ѓи најдете во нашиот ресторан „Голд Фелициа“ ќе се погрижи и за вашата забава.