(ФОТО) Ова ќе биде најбараната нијанса на коса ова лето: Ќе ја посака секоја дама!

Многу трендови во боењето коса се зад нас, но ваквиот сигурно не сте го очекувале. Бојата на пиво моментално е најголем хит во светот, а ја бараат сите дами кои се подготвуваат за сончевите денови. Овој тренд го красат голем број светли прамени на жолтеникава подлога, а може да се направат и потемни нијанси.

Оваа необична комбинација треба да осликува кригла пиво, жолтеникава течност на дното и вкусната бела пена на врв. Од таму оваа необична комбинација на боја, со единственото име „Butterbeer Hair".

Едно е сигурно-жените ќе ја обожаваат, а мажите уште повеќе.