Емотивно писмо од една жена по разделбата со партнерот е мелем за сечие скршено срце

Раскинувањето е болно искуство кое остава скршено срце кај еден или и кај двајцата партнери, но некои раскинувања се всушност за подобро.

Во односите каде едната страна се чувствува понижено, повредено, ранливо, не гледа можност за развој, време е да си замине. Можеби заминувањето после години заедно ќе биде тешко, но по скршеното срце и фазата на заздравување, доаѓа нов живот каде што ќе сфатите колку сте вредни и дека заслужувате некој подобар, некој кој вистински ќе ве сака.

Токму за тоа зборува емотивното писмо на една жена, која решила да го остави партнерот и да го започне животот одново, ви го пренесуваме во целост:

„Ќе дојде време кога ќе заборавам на твоите очи и ќе се насмевнам. Оставам сè што ме врзува и потсетува на тебе. Ќе дојде време кога моето срце ќе заздрави и моите усни ќе формираат насмевка упатена кон некој друг. И ќе бидам среќна и слободна, без да размислувам дали некогаш помислуваш на мене.

Ќе се смеам гласно, без страв што ќе кажат или мислат другите. Ќе танцувам, ќе оставам ветрот да ми ја разбранува косата и конечно ќе разберам дека изворот на мојата радост не си ти, туку она што е во мене. Во моето срце се создава место за нови луѓе, нови искуства и убавина на животот. Местото што го заземаше во моето срце сега е празно, а остануваат само спомените кои вреди да се паметат, како и лекциите за тоа зошто никогаш нема да дозволам некој да ме навреди, разочара или предаде. Сега знам на кои работи никогаш повеќе нема да затворам очи.

Почнувам да сфаќам колку вредам, а твоите намери да ме вратиш сега се бесцелни. Штом некој ќе те повреди, стануваш друга личност и тоа е можност да растеш. Затоа решив да те извадам од мојот живот. Иако сè уште чувствувам малку тага, болка и горчлив вкус на разочарување, доаѓа момент кога целосно престанувам да мислам на тебе. Ти простувам и ослободувам сè што е поврзано со тебе во мојот живот. Повеќе нема да ги проверувам социјалните мрежи, да гледам во мојот телефон и да чекам повик, ниту да поминувам денови и ноќи прашувајќи се - дали можевме подобро.

Нема да ми недостигаш повеќе, се променив. Сега е време да се вратам на себе, да ја разбудам таа силна жена во мене која беше потисната додека се борев за тебе, за нас. Ти го посакувам најдоброто, секоја желба да ти се исполни, да сакаш, да живееш исполнето, но не те сакам повеќе до мене.

По ова искуство станав многу посилна отколку што ме познаваш ти. Јас го контролирам мојот живот, го следам патот на моите соништа и го прифаќам она што ми е предодредено, но и го менувам животот според моите надежи.

Сега сум во фаза на исцелување на моето срце, кое полека добива нова сила и виталност, почнува да чука само за мене. Ти си моето минато, а внатрешниот глас што ме скокотка внатре ми кажува дека ме чека многу подобра иднина.

И конечно, ќе запознаам некој подобар... некој што ќе ме погледне и ќе ме натера да се чувствувам дека сум ја направила вистинската работа кога решив да те пуштам. Почнувам да создавам нови спомени и ја прифаќам само онаа искрена, прекрасна и чиста љубов, онаа која е полна со почит и можност за раст - ЉУБОВ која ја грее душата и не боли!“

извор: сенса