Елеонора: Значење на името и какви се оние кои го носат

Се верува дека ова име е варијација на името Хелена, Елена, што буквално значи светлина. Елеонора е вистинско ретро име со доза елеганција и софистицираност.

Оригиналната форма на името е Aliénor. Со француско и грчко потекло.

Постојат неколку теории за можното значење на ова име, најверојатната е дека произлегува од името Елена. Според хеленската легенда, тоа било името на најубавата жена во светот, ќерката на Зевс.

Какво значење се крие во личностите кои го носат ова име, односно какви се всушност тие, објаснува и нумерологијата која вели дека овие луѓе се креативни, активни, сериозни, грижливи, темпераментни, дарежливи.