„Еден на Еден“ ја почнува 14.сезона со Антониа: Гиговска на Жаре ќе му ги открие сите нејзини најважни приказни

Антониа Гиговска ќе ја отвори новата сезона на шоуто „Еден на Еден“ со Жаре, кое својата 14. сезона ја започнува во недела, на Канал 5 од 18.30.

Гиговска и Жаре имаа многу за муабет на снимањето на емисијата, особено откако Антониа во јавноста е доста актуелна периодов. За раскинувањето на  врската со Иван Јованов, за тоа како успеала да ослабе дури 33 килограми- Антониа искрено му одговара на Жаре на ските прашања.

Еден од поинтересните делови е играта во која пејачката ги коментира своите слики на Инстаграм,  а меѓу нив се и оние најпровокативните.

„Еден на Еден“ и Жаре и оваа година ќе пречекаат многу интересни гости од Македонија и од Балканот. На радост на целата екипа, емисијата од минатата сезона, по пандемиската пауза се врати во студиото од каде што како што и самиот Жаре изјави е полесно и позабавно да се работи.

- Ние од екипата на емисијата, еден убав и голем тим што функционира како вистинска фамилија, сме максимално свесни за трудот и љубовта вложена за сето ова да е реалност. Но, ништо не е можно без поддршката од публиката. 13 години од стартот, бележиме рекордна гледаност и ТВ публиката расте од сезона во сезона и на тоа не ти останува ништо освен од срце да се заблагодариш. Благодарен сум за сето ова“, ни изјави авторот и водителот на емисијата во претходно интервју, за време на Сезона 13.


*пр објава