Двајца станаа едно: Васил Гарванлиев конечно го покажа саканиот - сподели албум со фотки

Васил Гарванлиев неодамна се сврши во Америка, а за Женски магазин, нашиот минатогодишен евровизиски претставник, потврди дека е вљубен и како што рече на неговиот струмички дијалект „армасан“, па сега конечно го покажа и саканиот.

Тој досега не беше подготвен да зборува за партнерот и да дели лични моменти со него, но на првиот ден од Месецот на гордоста - јуни, Васил реши да содели албум со фотографии со избраникот со кој планира да го помине остатокот од животот. А со оглед на тоа што стави натпис „Двајца станаа едно“, заедно со емотикон од веренички прстен, веројатно веќе стапиле и во брак.


По овој чекор, пејачот доби бројни честитки, а на самите фотки се забележува дека парот е среќно вљубен и ужива во животот.

Инаку Гарванлиев, во интервју за британскиот магазин „Attitude“ минатата година, изјави дека да се биде хомосексуалец е веројатно најмалку интересната работа за него, но и дека е тешко да се зборува на таа тема.  

- Роден сум и пораснат во Македонија каде што дефинитивно не е во ред да се биде геј или било што од тоа. Повеќето членови на ЛГБТИ заедницата кај нас и денес се кријат. Секогаш кога ќе се вратев дома, на Балканот, во Македонија, чувствував потреба да ставам маска. Сочувствувам толку многу со сите кои живеат во страв од пресуда, дискриминација, неправда, малтретирање. Како уметници, ние сме одговорни да ја зборуваме вистината – особено ако сум ја пробал слободата, а сум го сторил тоа“, рече тогаш Гарванлиев во интервјуто.