Дуа Липа има ново момче: Еве во кој британски актер се заљуби пејачката

Пејачката Дуа Липа (28) и актерот Калум Тарнер (33) неодамна беа видени како танцуваат на афтер забава во Лос Анџелес по премиерата на неговата воена серија „Masters of The Air“.

Откако ги поттикна гласините за романса, извор сега потврди за Page Six дека тие навистина се заедно.

– Ново е, но тие се луди еден по друг – рекол изворот и додал дека пејачката дошла на неговата премиера да го поддржи.

Инаку, актерот претходно се забавуваше со Ванеса Кирби, која ја играше принцезата Маргарет во серијата „The Crown“ од 2016 до 2017 година.

Откако раскинале, извор објаснил за британскиот весник The Sun што довело до нивната разделба.

- Ванеса и Калум се ѕвезди во подем во актерскиот свет и беа преплавени со понуди во последните неколку години. Но, како што нивните кариери тргнаа, нивната врска страдаше и тие постепено се оддалечуваа, рече тој.

Пејачката претходно беше во врска со режисерот Ромен Гаврас, 14 години постар од неа. Тие раскинаа минатиот декември по осум месеци врска.

Фото:Инстаграм
Извор: 24sata.hr