Драстично го промени изгледот, сега е уште поголем фраер: Се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, сега го споредуваат со Киану Ривс (ФОТО)

Немања Стевановиќ е на балканската сцената 15 години и целосно се промени, а сега се пофали со нов изглед и го воодушеви понежниот пол.

Немања Стевановиќ беше учесник во „Ѕвездите на Гранд“, еднаш учествуваше во реално шоу, а денес ужива во среќен брак со сопругата Јелена и е горд татко на ќерката Маша. Од првото појавување на сцената драстично се промени, а со новиот имиџ ги воодушеви фановите, бидејќи наликува на познат холивудски актер.

Покрај брадата, која ја пушти пред извесно време, пејачот реши да проба и како изгледа неговата долга коса, а испадна дека таков изглед би требало да носи и претходно - го споредуваат со Кијану Ривс, а во објавата напиша: „Сепак, решив да си ја пуштам косата...“.

Фотографијата која ја објави на Инстаграм е црно-бела, а коментарите само го надополнија новиот изглед. „Кога некој е убав, лесно е...“, „Киану, ти си?“, „Совршен, светски изглед!“, се само дел од коментарите.

Немања се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ уште во 2007 година, беше еден од омилените пејачи, а оттогаш важеше за еден од најдобрите момци на естрадата.



View this post on Instagram

A post shared by Nemanja Stevanovic ® (@nemanjastevanovic82)



фото: Инстаграм