Една богата жена сподели дека секое утро со мажот пиела кафе со часови и предизвика гнев: „А што да правиме ние кутрите, вие живеете од туѓ труд“ - еве ја горчливата вистина за сите нас

Таа откри детаљ од приватниот живот и со неколку реченици налути многумина. А се‘ започна од овој твит.

„Мојот сопруг и јас се будиме и носиме кафе во нашата градина секое утро и седиме таму и разговараме со часови. Секое утро. Никогаш не ни е здодевно и никогаш не ни снемува теми за разговор. Многу го сакам", напишаа на Твитер корисничката.

Објавата на прв поглед делува злонамерно, на многумина им се допадна, за што сведочи огромниот број лајкови, но и на многумина им пречеше. Судејќи по коментарите, таа предизвика бурни реакции дури и кај оние кои се добро упатени во нејзиниот живот или малку го истражувале.

„Со часови? Но, што ако сме сиромашни и мораме да работиме и слично? ЛОЛ“, „Не не. Тие се „сопственици на мали бизниси“ па активно учествуваат во искористувањето на туѓиот труд за да можат да ги имаат овие безгрижни утра. Тие се капитализам“, велат лути твитерџии.


Дебатата отиде дотаму што жената чиј твит предизвика негативни коментари повторно се огласи: „Работевме многу напорно за да бидеме таму каде што сме. Живееме многу скромно и работиме работи што одговараат на нашиот начин на живот и ни овозможуваат да го живееме животот што го живееме“.

Некои почнаа да ја бранат жената: „Се најавив и открив дека главна тема на Твитер денес е жената која го сака својот сопруг и својата градина и пие кафе наутро. Секоја чест за сите“.

Сепак, приказната кажа многу. Колку на луѓето им недостасуваат тие неколку часа релаксација и уживање. Оттука и целиот гнев и незадоволство. Вишокот слободно време стана речиси најголемиот луксуз.


Фото: Профимедиа