Дизајнерката на „Луј Витон“ вели дека е „пештерска жена на 21 век“: Кога луѓето ќе ја видат нејзината куќа се шокираат, а вака е направена необичната „издупчена“ вила

Дизајнерката Франческа Амфитеатроф е најпозната по своите креации, но јавноста ја заинтригира и нејзината необична „пештерска“ куќа

Многумина се прашуваат како е изградено оваа чудно здание, а еве го одговорот.

Познатата дизајнерка и уметничка директорка на часовници и друг накит на култниот бренд „Louis Vuitton“ слободното време го поминува на југозападниот крај на островот Вентотене во Тиренското Море, во област стара повеќе од 11.000 години.


Како изгледа нејзината куќа може да се види на Инстаграм профилот на оваа дизајнерка. Луксузниот дом е како пештера, поради што таа гордо вели дека е „пештерска жена“. Куќата има природен стаклен отвор низ кој поминува сончевата светлина.

Секој агол е интересен, а се издвојуваат кружната дневна соба и необичниот камин.

Отворена кујна во центарот на пештерата, бања, три мали спални соби, простран двор сето тоа ја красат оазата на Франческа.


„Не го декорирав премногу просторот, бидејќи не му треба ништо“, изјави таа за „Фајненшл тајмс“.

Како решила да го изгради својот дом токму на овој остров? Мајката на познатата дизајнерка е Италијанка, па Франческа секое лето во детството го поминувала во Вентотене. За да ја спроведе својата оригинална идеја, таа ангажирала архитекти од нејзината земја.

Во текот на првата година или две години се работеле на поставување на неколку челични H-греди, челични шипки и конструктивни мрежи.


„Ја пробивме карпата како сирење и изградивме потпорна конструкција. Беше инсталиран и најсовремен систем за греење и ладење. Природната дупка стана светларник, со електронски прозорски панели и ролетни за затемнување“, објасни таа.

Интересно, нејзината куќа била изградена додека живеела во Њујорк, а потоа и во Конектикат. Таа контролирала сè од далечина, преку WhatsApp. Имале одредени проблеми при носењето на градежните материјали до оддалечениот остров, но сепак идејата е реализирана.


Фото: Инстаграм/Профимедиа