Десет фатални Србинки кои со естетски корекции го променија личниот опис: Незамисливо е колку станале убави (ФОТО)

Листа од 10 Србинки кои драстично го променија изгледот и денес се поубави од порано

Многумина претрпеа естетски корекции, но има и такви кои останаа доследни на својот природен изглед.

Познатите личности често поминуваат низ големи промени кога е во прашање физичкиот изглед, бидјеќи нивната работа бара постојани промени и вложување во физичкиот изглед. Многу од нив со годините изгледаат сè подобро и подобро, а тоа во голема мера се должи на естетските интервенции кои се сè почести.

Некои останаа доследни на својот природен изглед од почетокот на својата кариера, додека други побараа помош од естетските хирурзи. Ви пренесуваме листа на оние кои видно „процветаа“ и секоја година стануваат сè поубави.

Емина Јаховиќ

Емина драстично го промени физичкиот изглед и никогаш не била поубава. Јасно е дека имала неколку естетски интервенции, сепак, многумина ќе се сложат дека сè е направено умерено, и дека не претерала.

Пејачката многу вложува во својот изглед, а нејзиното тело се должи на тренинзите и исхраната.

Сања Вучиќ

Пејачката не крие дека имала одредени естетски корекции кои исто така придонеле да изгледа подобро од порано.

Сања често истакнува дека е задоволна од својот изглед, додека разликата во изгледот од почетокот на кариерата и денес е многу очигледна.

Николија Јовановиќ

Очигледно е дека пејачката имала естетски интервенции, но таа е една од ретките што не претерала, туку ја задржала формата со природен изглед.

Маја Беровиќ

А Маја Беровиќ е една од оние кои во минатото изгледаа нешто поинаку. Освен што ја промени бојата на косата, таа направи и одредени корекции на лицето.

Својот изглед го доведе до совршенство, а многумина ја споредуваат со барбика.

Александра Пријовиќ

Пејачката драстично го промени физичкиот изглед, а јасно е дека претрпела низа естетски корекции. Сепак, многумина мислат дека таа не претерала, туку дека направила сè точно како што треба.

Теодора Џехверовиќ

Теодора е една од оние кои најмалку се промениле од почетокот на кариерата. Сите корекции пејачката ги правеше умерено, а својата линија ја доведе до совршенство, поради што денес важи за една од најзгодните.

Младата пејачка сака да експериментира кога е изгледот во прашање, па често можеме да ја видиме со различна боја на коса.

Катарина Грујиќ

Очигледно е дека пејачката вложила многу во својот изглед и направила голема промена. Сепак, таа отсекогаш се истакнувала по својата самодоверба, која е невозможно да не се забележи.

Марина Висковиќ

Марина важи за една од најатрактивните пејачки, а многу вложила во својот изглед, додека очигледно е дека направила и неколку естетски зафати.

Дијана Јанковиќ - Диди Ј

Пејачката значително го променила својот изглед, речиси и да не личи на себе, а многумина веруваат дека направила низа хируршки интервенции.

Сепак, Диди жестоко го демантираше тоа тврдејќи дека нема никакви козметички корекции.

Леа Киш

Водителката значително го промени својот изглед, нејзиното затегнато лице, усните, пополнети јаболчници и долгата руса коса сега се нејзин заштитен знак.

На почетокот на кариерата беше сосема природна, но и не помалку убава од денес, сепак за многумина разликата во нејзиниот изглед е драстична.


извор:stil.kurir
фото:printscreen

Вештачката интелигенција предвиде како би изгледале сестрите Кардашијан-Џенер доколку природено старееа: Разликата е голема (ФОТО)

Поради убавина за малку ќе изгубеа глава: Познати дами кои се спасија од силиконот во усните, една едвај преживеа